Vrabotuvanje.com - Најмногу пријавени кандидати од Македонија на саемот за сезонска работа во Хрватска!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Најмногу пријавени кандидати од Македонија на саемот за сезонска работа во Хрватска!

Sezonac.hr и оваа година успешно собра и поврза бројни работодавачи и вработени, навестувајќи дека претстои уште една динамична туристичка сезона. Покрај кандидатите од Хрватска, најголемиот онлајн саем за вработување во туризмот и сезоната го посетија и многу баратели на работа од земјите од регионот, а најголема побарувачка имаше за готвачи, келнери и продавачи.

Најмногу пријавени кандидати од Македонија на саемот за сезонска работа во Хрватска!

Во време на интензивна потрага по сезонски работници, карактеристично за овој период од годината, Sezonac.hr, најголемиот и најпосетуван онлајн саем за вработување во туризмот и сезоната, повторно ги поврза работодавачите и вработените од Хрватска и регионот на едно место.

Овогодинешниот саем, организиран од MojPosao, водечкиот портал за вработување во Хрватска и дел од групацијата AlmaCareer, се одржа од 30 јануари до 8 февруари, на кој се собраа 36 реномирани работодавачи - водечки трговски синџири, хотели и угостителски објекти.

Посетителите имаа можност да се пријават на околу 200 огласи за вработување, од кои повеќето беа насочени кон работата во претстојната туристичка летна сезона, но имаше и голем број понуди за трајно вработување по завршувањето на сезоната.

Голем интерес на работниците од регионот

Благодарение на напредните комуникациски алатки како чет или видео повици и деталните описи на работните услови и бенефиции, работодавачите успеаја да го привлечат вниманието на потенцијалните вработени, а истовремено да го градат својот бренд како посакуван работодавач.

Оваа стратегија го зајакнува нивниот Employer Branding, правејќи ги попривлечни на пазарот на труд и зголемувајќи ја веројатноста за привлекување талентирани кандидати. Истовремено, на посетителите им се овозможи подлабоко да ја запознаат работната средина преку фотогалерии и видеа, што го олесни процесот на усогласување на очекувањата со реалните работни услови. Ваквиот пристап даде основа за градење долгорочна соработка и задржување на квалитетни кандидати и по завршувањето на сезоната.

Што се однесува до самите бројки, саемот забележа повеќе од 230.000 посети од баратели на работа и повеќе од 1.270.000 прегледи на страници, како и повеќе од 8.000 апликации за огласени позиции.

Покрај работодавачите од Хрватска, голем интерес за саемот привлече и работници од регионот, а годинава најмногу посети од регионот имаа работодавачи од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Црна Гора.

Имајќи го предвид бројот на слободни работни места на кои работодавачите бараа „засилување“ за туристичката сезона, најбарани сезонски работници во Хрватска се готвачи, помошници готвачи, келнери, продавачи, келнери/собарки, магационери и рецепционери и ова се и дел од работните места кои предизвикуваат најголем интерес кај посетителите на саемот.

На саемот учествуваа:

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more