Vrabotuvanje.com - Нова ознака за возачите - полна црвена линија: Еве што значи тоа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Нова ознака за возачите - полна црвена линија: Еве што значи тоа

Во Андалузија неодамна за прв пат беше исцртана полна црвена линија на местото каде што претходно имаше двојна полна бела линија. Оваа црвена линија, нацртана на националниот пат А-355 во Малага, еден од најопасните во Шпанија, означува важен чекор во подобрувањето на безбедноста во сообраќајот.

Нова ознака за возачите - полна црвена линија: Еве што значи тоа

Бидејќи двојната бела линија очигледно не ја исполни својата цел, Шпанците повлекоа црвена линија над неа, надевајќи се дека тоа ќе биде јасно предупредување за возачите да останат во нивната лента и дека претекнувањето е забрането. Оваа мерка има за цел да го намали бројот на сообраќајни незгоди и да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Покрај црвената линија, предвидено е долж патот да се постават и четири едукативни радари или дигитални знаци. Тие, пишуваат Шпанците, ќе ги информираат возачите за нивната моментална брзина и ќе ги потсетуваат на максималната дозволена брзина, што дополнително придонесува за безбедноста на патиштата. Доколку црвената линија не ги спречи возачите да направат сообраќаен прекршок, надлежните во краен случај најавуваат воведување камери и радари кои ќе ги покриваат критичните точки, пренесува Вечерњи лист. 

Овие иницијативи доаѓаат како одговор на високата стапка на сообраќајни несреќи на улица во текот на изминатата година, кога на неа загинаа дури десет лица. Исто така, улицата, отворена во 2014 година со предвидена дневна фреквенција од 7.000 возила, сега речиси двојно ја зголемува таа бројка. Имено, дневно низ него минуваат речиси 20.000 возила, меѓу кои и голем број товарни возила.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more