Vrabotuvanje.com - Повеќе бракови ама помалку бебиња -нова статистика
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повеќе бракови ама помалку бебиња -нова статистика

Повеќе бракови ама помалку бебиња -нова статистика

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 4,5 % и изнесува 4.185 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 1,5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5.028 лицa, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен - 843 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

 

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 1,6 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2.824 бракови.

Во ова тримесечје добиени се 599 извештаи за разведени бракови, стои во извештајот на Државниот завод за статистика.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more