Vrabotuvanje.com - Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк
Share
Tweet
Share
Send to friend

Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк

Од денеска студентите ќе имаат можност парите што државата им ги исплатува за студентскиот оброк да ги добиваат неделно со што Министерството за образование (МОН) го оствари ветувањето дека ќе им излезат во пресрет на студентите на чија иницијатива беше направена законска измена најдоцна во вториот семестар.

Од денеска студентите ќе добиваат 840 денари неделно на своите картички за студентски оброк

Претходно, МОН парите за студентскиот оброк ги исплатуваше дневно, но Универзитетското студентско собрание на Униврзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ( УКИМ) побара измена кон крајот на минатата година на средба со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а со цел подобро да можат да ги искористат субвенциите од државата.

Според студентите исплатата на субвенциите е подобро да се врши неделно затоа што ако студентот во текот на денот не ги потрошеше парите за оброк или за да купува во маркет, тие пари 140 денари не можеше да ги искористи наредниот ден.

Со 74 гласа „за“ и ниту еден против пратениците денес ги усвоија Законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк според кој средствата наместо на дневно ќе се исплаќаат на неделно ниво. Оваа измена ќе биде во сила од 01.03.2024, објавија на Инстаграм од Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) кои се подносители на иницијативата за измени на Законот.

Извор: republika.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more