Vrabotuvanje.com - Во Негорските Бањи крај Гевгелија се наоѓа единствената шума на полски јасен во Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Негорските Бањи крај Гевгелија се наоѓа единствената шума на полски јасен во Македонија

Последен остаток на значаен споменик на природата

Во Негорските Бањи крај Гевгелија се наоѓа единствената шума на полски јасен во Македонија

Само три километри од Гевгелија, на надморска височина од 60 метри, во подножјето на планината Кожув се наоѓаат Негорските бањи. Македонските бањи вообичаено се сместени во најпејзажните и најживописните предели на земјава. Тие, отсекогаш биле свртувалиште на голем број случајни минувачи, но и на оние кои барале спас во лековитата моќ на водата.

Таков е и случајот со Негорските Бањи. Верувам дека нема некој кој барем еднаш поминал низ Гевгелија, а да не ја посетил оваа природна благодат, насладувајќи си ја душата со свежина и здравје и уживајќи во мирот и тишината, толку спротивна на забревтаниот градски, урбан живот. Околу бањите, на површина од 22 хектари, има редок примерок на полски јасен, кој го прочистува воздухот, ја разубавува околината и им овозможува на посетителите долги прошетки и релаксација. 

Јасенот (Fraxinus) е многу распространето дрво и претставува вистински украс на природата, како во планинските, така и во рамнинските предели. Неговиот природен раскош најдобро може да се забележи во пролет, односно во месеците мај и јуни, кога расцветува со убави бели и жолтеникави широки цветови, кои ја покриват, речиси, целата крошна на растението.

Можат да се сретнат десетици видови јасен со различна големина на крошната и дебелина на коренот. Во Македонија се среќаваат  три вида јасен – бел или обичен јасен (F.excelsior), полски јасен (F.angustifolia) и црн јасен (F.ornus).

Поради неговите специфични својства и составот на дрвото, јасенот има разновидна примена. Дрвото, кое има соодветна свитливост, се користи за правење копја, лакови и слични орудија, а од него се изработуваат и музички инструменти, како електрични гитари, тапани, столарија, фурнир за канцелариски мебел и слично. Во минатото од ова дрво се изработувале трупови и каросерии за кочии и автомобили, а во почетниот период на воздухопловството, поради неговите својства, ова дрво било особено важно во изработката на авиони.

Јасенот има голема примена и во медицината, особено при лечење на хронични респираторни болести, а се користи и како диуретик и лаксатив, за лечење рани и е  добра замена на кининот. Познато е дека јасенот го користел римскиот лекар Квинт Сорен Самоник, кој во својата Медицинска книга пишува за семиња од јасен од кои се произведувал лек за лечење кашлица и болести на црниот дроб.

Целиот текст прочитајте го на линкот: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more