Vrabotuvanje.com - Од 2100 на 3000 ќе се зголеми Повратот од Мој ДДВ
Share
Tweet
Share
Send to friend

Од 2100 на 3000 ќе се зголеми Повратот од Мој ДДВ

Во наредниот период сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие.

Од 2100 на 3000 ќе се зголеми Повратот  од Мој ДДВ

Преку проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, за нешто повеќе четири години на сметките на граѓаните се слеале повеќе од 130 милиони евра. Тоа се сериозни пари кои се директно исплатени на сметките на граѓаните и позитивно влијае врз семејните буџети кај повеќе од 540.000 корисници на оваа мерка.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари по корисник.

Извор: centar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more