Vrabotuvanje.com - Алармантни бројки, речиси 30 отсто од возрасните во Македонија живеат со дебелина
Share
Tweet
Share
Send to friend

Алармантни бројки, речиси 30 отсто од возрасните во Македонија живеат со дебелина

Дебелината кај луѓето во светски рамки е веќе на алатмантно ниво. За жал овој проблем не ја одмина ни Македонија. Од Институтот за јавно здравје велат дека дебелината кај возрасните и децата во Македонија е стабилно на високо ниво.

Алармантни бројки, речиси 30 отсто од возрасните во Македонија живеат со дебелина

“ Најновата студија објавена во „The Lancet“ покажува дека, во 2022 година, повеќе од една милијарда луѓе во светот живеат со дебелина. Во светот, од 1990 година, дебелината е зголемена повеќе од двојно кај возрасните, а четирикратно е зголемена кај децата и адолесцентите – од пет до 19 години. Во Македонија, 28,4 отсто од возрасните живеат со дебелина. Кај нас, дебелината кај возрасните е зголемена за 13,6 проценти, а кај децата и адолесцентите за 7,4 отсто, споредено со 1990 година, се наведува во извештајот објавен на веб-страната на ИЈЗ.

Повеќе од 10 години, Институтот и центрите за јавно здравје ја спроведуваат Иницијативата за следење на дебелина кај децата на Светската здравствена организација (СЗО), позната под акронимот COSI, имплементирана во 45 држави од европскиот регион.

“Оваа иницијатива е најмасовниот систем на следење на трендовите на зголемена телесна тежина и дебелина кај децата, преку стандардизирани антропометриски мерења и процена на детерминантите на дебелината во семејната и училишната средина. Најновите податоци покажуваат дека 30,5 отсто од децата од шест до деветгодишна возраст во нашата држава живеат со зголемена телесна тежина или дебелина, 13,8 проценти од нив живеат со дебелина или екстремна дебелина. Дебелината е почеста кај момчињата, за разлика од девојчињата“, пишува во извештајот на ИЈЗ.

Извор: 4news.mk
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more