Vrabotuvanje.com - Важно да се прочита: Во оваа ситуација не смеете да јадете компири!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Важно да се прочита: Во оваа ситуација не смеете да јадете компири!

Важно да се прочита: Во оваа ситуација не смеете да јадете компири!

Компирите се незаменлива храна во многу домаќинства, но дали некогаш сте се сомневале дали никнатиот компир може да се јаде или не?

Компирите содржат соланин, штетно алкалоидно соединение кое служи како природен пестицид, а кое е присутно во зголемена концентрација кај зелените, оштетените или никнати компири.

Британските научници од Универзитетот во Линколн истакнуваат дека отровните никулци од компир можат да предизвикаат дигестивни проблеми или главоболки, па затоа дефинитивно треба да се исечат.

Ако компирот е мек или збрчкан, мора да го фрлите, но ако остане тврд и „здрав“, можете да го излупите, по потреба да го издлабите местото каде што никнал и да го користите за јадење.

За да го забавите ртењето на компирот, чувајте ги на ладно и темно место, по можност во картонска кутија или хартиена кеса за да може воздухот да циркулира. Компирите не можат да „дишат“ во пластика, па ќе се расипат порано.

Доколку складирате поголема количина компири, редовно проверувајте ги и одвојте ги оние што никнале или омекнале за да не го поттикнат расипувањето на останатите. Исто така, не чувајте ги заедно со кромидот за да го забавите стареењето поради гасовите што ги испуштаат.

извор: denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more