Vrabotuvanje.com - ПУСТОШ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Посетители се бројат на прсти, високите цени си го направија своето
Share
Tweet
Share
Send to friend

ПУСТОШ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Посетители се бројат на прсти, високите цени си го направија своето

Зимската скијачка сезона привршува и се чини дека најпознатиот и најпосетуваниот скијачки центар во Србија, Копаоник, го понуди најдоброто за оваа година.

ПУСТОШ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Посетители се бројат на прсти, високите цени си го направија своето

Од почетокот на годинава, Копаоник бележи значително лоши критики заради тоа што посетителите не беа најзадоволни од цените на најпопуларната српска планина.

Високите температури и недостатокот на снег се главната причина за моментално слабиот број на посетители, а се поизвесно е дека крајот на сезоната нема да биде на очекуваното ниво, бидејќи деновиве има забележителен мал број на луѓе.

За цените на Копаоник често се пишуваше, многу туристи се пожалија дека цените не се типични за туристичка дестинација лоцирана во Србија и дека не се за сечиј џеб.

Цените останаа исти како на почетокот на сезоната, за редовно кафе или чај треба да потрошите околу 400 до 500 динари, (200-250 денари) цената на просечниот оброк за едно лице во ресторан е околу 3000 динари, (1.500 денари) цената на пивото е од 600 (300 денари) нагоре итн.

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more