Vrabotuvanje.com - Наближува Велигденскиот строг пост – ќе се заштедат или ќе се трошат повеќе пари за храна?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Наближува Велигденскиот строг пост – ќе се заштедат или ќе се трошат повеќе пари за храна?

Со наближувањето на 18 март, денот кога започнува строгиот Велигденски пост, православните верници се подготвуваат да го прoчистат своето тело и душа.

Наближува Велигденскиот строг пост – ќе се заштедат или ќе се трошат повеќе пари за храна?

Ова време на пост е период на воздржување од мрсна храна, со цел да се подготват за големиот христијански празник – Велигден.

Денар разговараше со свештеник од Скопската епархија, кој ги советува верниците да му пристапат на постот со душа и со срце.

„Постот не е само воздржување од мрсна храна, туку претставува и време за духовно прочистување. Фокусирајте се на молитвата, на доброто дело и на духовниот раст. Храната е важна, но не е сè на светот. Јадеме за да живееме, а не живееме за да јадеме. Нека ја испостиме и душата, и телото”, изјави нашиот соговорник.

Но, граѓаните ги мачи друго прашање: дали посната трпеза ќе им заштеди пари или ќе претставува дополнителен трошок во месецот?

Иако е рано, скопјанката Марија уште сега психички се подготвува за Велигденскиот пост.

„Наместо чоколадо, ќе јадам урми. Наместо млеко, ќе пијам оризова вода. Наместо месо, ќе се насладувам со повеќе овошје и зеленчук. Не знам колку поевтино ќе поминам, но барем ќе го испостам телото и знам дека ќе ми годи”, изјави Марија.

Верниците се повикани да му пристапат на постот со почит кон својата вера и да го испратат Велигден во духовност и созерцание.

Иако некои верници ќе се обидат да купуваат специјални посни намирници, воопшто не е задолжително да се трошат повеќе пари за храна за време на Велигденскиот пост.

Важно е да се следи духовниот аспект на постот и да се пости со душа и срце.

Како се пости?

Се пости на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло (зејтин) и вино.
Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на храмов или домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики Четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници. На Лазарева сабота се јаде икра. Во Велигденскиот пост не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

 
 
 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more