Vrabotuvanje.com - Осмомартовскиот викенд го исполни туристичкиот центар со гости
Share
Tweet
Share
Send to friend

Осмомартовскиот викенд го исполни туристичкиот центар со гости

Празничниот викенд го исполни Охрид со гости. Пред сè, таму допатуваа жени за да го минат Осми март, Меѓународниот ден на жената.

Осмомартовскиот викенд го исполни туристичкиот центар со гости

Десетици автобуси со туристи, претежно гостинки од државите од соседството, пристигнаа во градот, низ чии улици денеска е раздвижено како во деновите на летната туристичка сезона.

Гостите го искористија убавото сончево време за прошетки низ стариот дел на градот, на кејот на Охридското Езеро и за кафе и пијалак на преполнетите тераси на охридските кафулиња.

Посебна атракција и изненадување за нив претставуваше гестот на Михајло Филев од семејството Филеви, кое ја негува традицијата на изработка на оригинален охридски бисер.

Филев запозна педесетина хрватски туристки на плоштадот пред Долна порта со процесот и начинот на изработка на охридскиот бисер, подарувајќи им бисер како спомен на нивната посета на Охрид.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more