Vrabotuvanje.com - Арктикот веќе во септември ќе нема мраз
Share
Tweet
Share
Send to friend

Арктикот веќе во септември ќе нема мраз

Арктикот веќе во септември ќе нема мраз

Американски тим од научници процени дека Арктикот уште во месец септември ќе останува без мраз, што се случува по прв пат откако постои мерењето, а тоа може да се случи уште оваа година. Студијата е објавена во списанието Nature Reviews Earth & Environment.

Во периодот од 2035 до 2067 година Арктикот во септември може да биде постојано без мраз, покажаа резултатите на истражувањето кое го спроведоа научници од Универзитетот Колорадо во Боулдер.

Во студијата се објаснува дека поединечни настани од типот на невообичаеното затоплување во последните неколку недели може да резултираат со губење на мразот уште во септември, годинава или наредните години.

Мерењата покажуваат дека месец септември е месец со најмала количина на пловечки мраз. Во периодот од 80-тите години на минатиот век во септември по правило со мраз биле покриени 5,5 милиони квадратни километри од Артичкиот Океан.

Откако во 1978 година почнало мерењето, таа површина се намалува за просечно 78.000 квадратни километри годишно. Меѓутоа, и покрај климатските промени, ледената покривка на Арктикот последните години благо се зголемува.

извор: inovatinost.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more