Vrabotuvanje.com - Во државата лани се затвориле 4.330 фирми
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во државата лани се затвориле 4.330 фирми

Во државата лани се затвориле 4.330 фирми

Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми. Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми. Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

Во Скопје во 2023 година се затворени 1.440 фирми. Следуваат Битола со 263, Тетово со 248, Гостивар 198 и Куманово со 182. Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се уште пет македонски градови: Прилеп 174, Струга 154, Охрид 147, Струмица 133 и Велес 110.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more