Vrabotuvanje.com - Сопружник по разводот ќе плаќа алиментација и за милениче – Нов закон во Шпанија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Сопружник по разводот ќе плаќа алиментација и за милениче – Нов закон во Шпанија

Првостепениот суд во шпанскиот град Виго денеска ја донесе првата пресуда според која брачниот другар мора да плаќа алиментација за домашно милениче по разводот, во согласност со новата законска рамка. Според пресудата, за кучето милениче останала да се грижи жената, додека нејзиниот поранешен сопруг месечно ќе плаќа по 40 евра и уште половина од сумата за итни и ветеринарни трошоци.

Сопружник по разводот ќе плаќа алиментација и за милениче – Нов закон во Шпанија

Во 2020 година, шпанскиот парламент го усвои Законот за правна регулација на животните, со кој домашните миленици се признаваат како живи суштества, а не како предмети, односно тие се целосно интегрирани во финансиските аранжмани на семејната единица по разводот.

Претставува прогресивен чекор кон препознавање на емоционалната и практичната одговорност на сопствениците на домашни миленици.

Извор: skopskoeho.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more