Vrabotuvanje.com - После 35 години повторно отворено киното во Кисела Вода
Share
Tweet
Share
Send to friend

После 35 години повторно отворено киното во Кисела Вода

После 35 години, на истата локација, врз темелите на старото кино, во комплетно реновираниот Дом на култура „Билјана Беличанец“ започна да функционира “Киноверзум”.

После 35 години повторно отворено киното во Кисела Вода

Градоначалникот Ѓорѓиевски во своето излагање го истакна сентименталното значење на старото кино за повозрасните жители на Кисела Вода и потенцираше дека отворањето на новиот објект е историски миг за сите кои ја сакаат оваа општина. Повика на аплауз за прерано починатата градоначалничка Билјана Беличанец, која го отпочна проектот и чиј сон, како што истакна, од денес започна да живее.

„За мене, а верувам и за сите вас тука присутни, ова е историски момент. После 35 години, Кисела Вода повторно добива кино врз темелите на старото кино, култно место од кое секој носи спомени и кое секогаш се појавува во приказните за нечија младост. Денес, заеднички со вас, го започнуваме новото поглавје на овој културен дом. Со нов дух и нова енергија, ги отвораме вратите на она што започна како визија на поранешната, сега за жал покојна градоначалничка Билјана Беличанец. Ова беше нејзиниот сон кој успеавме да го оствариме.

Во изминативе две години јас и мојот тим сме силно насочени кон повторното издигнување на културниот живот во нашата општина. Со бројни проекти, го олеснуваме пристапот на граѓаните до културните сцени и збиднувања, давајќи им можност и на уметниците за експресија на нивниот креативен потенцијал. Културата мора да биде достапна. Оттука во фокусот на моето делување како градоначалник е овозможувањето на непосреден пристап на граѓаните до културни манифестации, претстави, изложби и настани, кои се организираат во близина на нивниот дом, во нивното соседство. Возобновувањето на домот на култура Билјана Беличанец и отворањето на кино во Кисела Вода после 35 години се вистинска илустрација за олеснувањето на патот до културната сцена, но и за создавањето на нови платформи за уметниците каде што ќе можат да го споделат својот уметнички израз“ рече Ѓорѓиевски

„Ланецот кина “Киноверзум” започна со работа најнапред во Свети Николе, сега работи и во Штип и во Велес, а вечерва го отвораме ова кино и во Кисела Вода, односно во Скопје. “Киноверзум” е единствен ланец на кина на Балканот кои се домашен производ, односно македoнски бренд и се надевам дека овој бренд освен во Македонија ќе го прошириме и во регионот- истакна д-р Јордан Ѓорчев, од Меѓународниот Славјански Универзитет, во чии рамки функционира “Киноверзум”.

Присутните во кино салта, потоа можеа да го погледнат светскиот филмски хит “Dune: Part Two”.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more