Vrabotuvanje.com - 900 денари од Центар до Ист Гејт! Внимавајте во кое такси ќе се качите, може скапо да ве чини
Share
Tweet
Share
Send to friend

900 денари од Центар до Ист Гејт! Внимавајте во кое такси ќе се качите, може скапо да ве чини

Во последно време, проблемот со дивите таксисти во Скопје станува сè поголем. Граѓаните, туристите и посетителите на главниот град се соочуваат со нереално високи цени за превоз, кои не се во согласност со таксиметарот, туку се базирани на апликации од мобилни телефони.

900 денари од Центар до Ист Гејт! Внимавајте во кое такси ќе се качите, може скапо да ве чини

Ана Милосавлевиќ, 28-годишна девојка од Центар раскажа за Денар лошо искуство со див таксист во Скопје.

Таа се качила во такси кај трговскиот центар „Ист гејт“ и побарала да биде одвезена до Соборниот храм. Таксистот, раскажува Ана, не изустил ниту збор за време на целото патување, а не го вклучил ни таксиметарот.

„Кога пристигнавме до крајната дестинација, тој ми побара да платам 900 денари. Јас се збунив, мислев дека се зафркава. И уште еднаш го прашав да ми каже колку треба да платам. Но, тој беше сериозен и повторно ми рече: 900 денари. Тогаш го извади мобилниот телефон, вклучи некаква апликација и ми приложи дека сум должна 900 денари. Го прашав дали има таксиметар, а тој ми рече дека телефонската апликација е таксиметар. Знаев дека лажеше, но ме фати страв и му дадов пари. Оттогаш многу внимавам во кое такси се качувам“, ни раскажа девојката.

Дивите таксисти најчесто се насочени кон странците, кои се магнет за брза и нереална заработка. Многумина од нив мислат дека странците не ги разбираат парите и затоа се обидуваат да им наплатат големи суми.

Но, очигледно, нелегалниот такси-превоз го уништува угледот на Скопје како главен град и на државата во целост. Дивите таксисти не се лиценцирани и не се подложни на контрола. Ова може да доведе до безбедносни ризици за патниците.

За да се решат овие проблеми, коментираат експертите за безбедност во сообраќајот, потребно е да се засилат контролите и да се преземат мерки против дивите таксисти.

„Само така можеме да го подобриме превозот во Скопје и да го заштитиме интересот на граѓаните и на туристите“, порачуваат познавачите.

Во однос на тоа како се справуваат градските власти со проблемот со дивите таксисти, надлежните брифираат дека нивните инспектори се постојано излезени на терен и ги „ловат“ возилата без лиценца.

Во однос на сузбивањето на т.н. диви таксисти, инспекторите за патен сообраќај вршат редовни контроли и инспекции за тоа дали такси-превозниците се придржуваат до одредбите и до правилата во согласност со одлуката за автотакси-превоз на патници на подрачјето на главниот град – брифираат од Град Скопје.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more