Vrabotuvanje.com - Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија

Поранешниот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски на својот Фејсбук профил објави дека Македонија во 2023 остварила рекорден туристички прилив од речиси 600 милиони долари. Тој притоа им се заблагодари на сите оние кои верувале во оваа визија и помогнале во нејзина реализација

Рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија

„Рекорден туристички Прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија!  Тргнавме од 327,05 милиони $ за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години!  Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација!  Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“ напиша Јаневски.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more