Vrabotuvanje.com - Работа од соништата: Мајка бара дадилка да се грижи за нејзинате ќерки на Бахамите
Share
Tweet
Share
Send to friend

Работа од соништата: Мајка бара дадилка да се грижи за нејзинате ќерки на Бахамите

Работа од соништата: Мајка бара дадилка да се грижи за нејзинате ќерки на Бахамите

Џена С. е извршна директорка на банка во западен Лондон и е во потрага по дадилка која ќе се грижи за нејзините ќерки додека се две недели на одмор на Бахамите. Во огласот е напоменато дека сите трошоци за ова патување се платени.

Меѓутоа, постои еден услов. Одморот ќе биде за време на божиќните празници и тоа значи дека избраниот кандидат ќе треба да ги помине тие денови далеку од својата фамилија.

Дадилката ќе пресотојува во семејната куќа што се наоѓа на плажата, но и ќе има пристап и до горниот спрат, спа центарот и приватната плажа. Избраниот кандидат нема да има слободен ден за време на траењето на одморот.

Бараме некој кој е забавен и енергичен за да ги помине божиќните празници со нас на Бахамите и да ни помогне во грижата за нашите девојчиња (4) и (2), бидејќи нашата постојана дадилка не може да дојде со нас.

Нудиме великодушна плата и бесплатен лет и смештај.

Ни треба некој да ни помага наутро и навечер, а во текот на денот ќе може да ужива во сонцето, стои во огласот.

За само неколку часа се јавиле 200 луѓе.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more