Vrabotuvanje.com - НЕМА РАБОТНИЦИ: Србија бара 20.000 возачи
Share
Tweet
Share
Send to friend

НЕМА РАБОТНИЦИ: Србија бара 20.000 возачи

Соседна Србија бара 20.000 професионални возачи.

НЕМА РАБОТНИЦИ: Србија бара 20.000 возачи

Се работи за возачи на камиони и автобуси. Државата презеде одредени мерки, а во септември лани е намалена старосната граница за возачите на камиони и автобуси со измена на Законот за безбедност во сообраќајот. Со ова старосната граница за возачи на камиони е намалена од 21 на 18 години, а за возачи на автобуси од 24 на 21 година. Но, тие измени не можеа да се применат во пракса додека не се донесат подзаконски акти, меѓу кои и Правилникот за теоретско и практично оспособување на кандидатите за возачи.

Правилникот сега е изменет, така што од 9 март автошколите почнаа да го применуваат. Тоа значи дека кандидатите можат да се пријават за категорија Ц (камион) на возраст од 18 години, за категорија Д (автобус) на возраст од 21 година. Кандидатите можат директно да се пријават за категоријата Д без обврска да имаат Ц категорија.

Возачи од Србија одат во Германија, Шведска, Велика Британија да работат за месечна плата од 2.500 до 3.000 евра. Платите во Србија во камионскиот превоз се околу 1.000 евра, додека во автобускиот превоз се движат од 80.000 до 100.000 динари. 

Со „Отворен Балкан“ се олеснува движењето на работна сила меѓу Македонија, Албанија и Србија. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more