Vrabotuvanje.com - ЛУЃЕТО РАБОТАТ ПО 29.5 ЧАСА: Во која европска земја има најкратка работна недела?
Share
Tweet
Share
Send to friend

ЛУЃЕТО РАБОТАТ ПО 29.5 ЧАСА: Во која европска земја има најкратка работна недела?

Земја со најкратка работна недела е Холандија, со просек од 29,5 часа, а потоа следат Данска (32,5 часа) и Норвешка (33,6 часа).

ЛУЃЕТО РАБОТАТ ПО 29.5 ЧАСА: Во која европска земја има најкратка работна недела?

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ги провери светските податоци од последните неколку години и ја состави и таа листа на држави.

Во првите 10 се Швајцарија (34,6 часа), Австрија (35,5 ч.), Белгија (35,5 ч.), Италија (35,5 ч.), Ирска (35,6 ч.), Шведска (36 ч.) и Финска, со просечни 36,3 часа во една седмица. Како што објави Евростат – официјалната статистичка служба на Европската Унија(ЕУ), Балканците работат и повеќе од 40 часа неделно.

Eвропските држави во последно време настојуваат да ги намалат работните часови.  Некои земји се залагаат и за воведување четиридневна работна недела. 

Во Германија во февруари годинава почна експериментален проект за испробување работни седмици од четири наместо пет дена, со едноставна замисла – вработените да се обидат да ги завршат работните обврски за четири дена, за да имаат еден слободен ден повеќе и иста плата. Во германскиот проект учествуваат 45 компании, пренесува „Панкуфер“ (Punkufer).

Во 2022 година, Белгија стана првата земја што ја легализираше четиридневната работна седмица. 

Исланд, Португалија, Шпанија, Велика Британија и Канада се дел од земјите каде се тестира пократката работна недела.

Пократка работна недела се тестира и на другите континенти или се најавува како нешто што треба да се реализира. 

Извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more