Vrabotuvanje.com - Практичната работа во Европа ќе се плаќа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Практичната работа во Европа ќе се плаќа

Практичната работа во Европа ќе се плаќа

Европската комисија планира луѓето кои се на практична работа  во една компанија да бидат платени и тоа да стане стандард во ЕУ бидејќи кај членките има разногласие во однос на ова прашање. Комисијата неодамна ја презентира новата директива со која сака да ја спречи експлоатација  на луѓето кои се на практична работа, кои се сметаат за евтина работна рака.

– Практикантството може да биде одлично прво работно искуство за младите, но овие стажирања мора да бидат квалитетни, со јасна компонента за учење, а исто така мора да бидат платени – изјави европскиот комесар за труд Николас Шмит на презентацијата на директивата.

Донесувањето на директивата, според очекувањата на Брисел, треба да го подобри недостигот на квалификувани работници.

Според податоците на Комисијата, во 2019 година имало повеќе од 3 милиони практиканти во ЕУ, од кои околу половина биле неплатени.

Но, според она што е познато за директивата предвидени се исклучоци кои се можни доколку постојат „објективни причини“ практикантите да бидат платени поинаку од другите вработени. Според информациите, тоа може да биде случај, ако задачите на практикантот вклучуваат помала одговорност или помал интензитет на работа.

Исто така, треба да се осигура дека практикантството не е замена за редовните работни места. Компаниите исто така треба активно да соопштуваат колку слободни работни места имаат, колку трае практиката и какви се условите за работа.

За Европската конфедерација на синдикати (ETUC), предложената директива не е доволно строга. Според синдикатите неплатеното стажирање би ги исклучило талентираните млади луѓе од работничката класа од многу занимања бидејќи тие нема да можат да си дозволат да работат бесплатно.

-Предложената директива не прави многу за да се надмине тоа – вели  Теа Жарк од ETUC.

Земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент сега мора да најдат заеднички јазик за предлозите и заедно да преговараат за компромис. По што планираниот закон може да стапи во сила.

извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more