Vrabotuvanje.com - Доматите 135 денари, краставицата 85: Ќе ја плаќаме ли најскапата салата за Велигден?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Доматите 135 денари, краставицата 85: Ќе ја плаќаме ли најскапата салата за Велигден?

Доматите 135 денари, краставицата 85: Ќе ја плаќаме ли најскапата салата за Велигден?

Не е некоја нова вест дека во пресрет на Велигденските празници цената на свежата салата достигнува неверојатни вредности. Ако ги гледаме цените сега, на нешто повеќе од месец дена пред Велигден, не треба да очекуваме некоја различна ситуација.

Во моментов килограм домат во еден од поголемите ланци на маркети чини 135 денари. Краставиците се 84 денари за килограм, а една марула 25 денари. Еден врзоп млад кромид чини 29 денари.

Цените варираат од место на место, но разликите не се многу големи.

Тоа што може да не спаси е фактот дека Велигден оваа година се паѓа прилично доцна, на 5 мај а тогаш и домашното раноградинарство има поголемо производство.
Граѓаните се веќе навикнати за најголемиот верски празник кога царуваат свежите салати за нив да плаќаат мало богатство.

извор: press24.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more