Vrabotuvanje.com - Ако останете без работа ќе се изнамачите додека извадите здравствено осигурување
Share
Tweet
Share
Send to friend

Ако останете без работа ќе се изнамачите додека извадите здравствено осигурување

Со ваков проблем се соочуваат илјадници наши сограѓани кои остануваат без работа. Веднаш откако едно лице ќе остане без работа логичниот заклучок е да се упати кон Агенцијата за вработување се со цел да се пријави како невработен за да може да добие бесплатно здравствено осигурување кои следува по закон. Е тука веќе почнува изненадувањето.

Ако останете без работа ќе се изнамачите додека извадите здравствено осигурување

До пред некоја година со самото пријавување во АВРМ податоците беа по автоматизам пренасочувани до Фондот за здравствено осигурување каде невработеното лице веднаш можеше да се лекува низ државните здравствени институции во државава. Но тоа не повеќе така. Откако ќе отидете да се пријавите за невработени ве чека изненадување, ќе мора да отидете дополнително до фондот за здравствено осигурување. Ова ни го кажаа некои од лицата кои биле затекнати од ваквото решение на институциите

„Ова е катастрофа, она што ми треба во моментов е здравствено осигурување. Јас значи треба дополнително да се мачам да одам до Фондот каде треба да поднесам таму документи за да можам да си го остварам првото на лекување“ ни кажа едно од лицата на кои итно им треба здравствено осигурување.

Е сега откако ќе се помирите со ваквата одлука, ве чека изненадување и на шатрерите на Фондот за здравствено осигурување. Нема да наидете на гужва, ама нема ни да завршите работа. Со оглед дека никој ве нема известено дека потребни се документи за да можете да го остварите вашето право на здравствено осигурување. Она што ви го бараат на шалтерите во Фондот е извод од матична книга на родени не постар од 6 месеци, односно она што речиси 90 отсто од македонските граѓани го немаат. И тука останувате зачудени и изреволтирани зошто не само што сте го изгубиле денот туку и нема да ја завршите работата по која сте дојдени.

Она што ви останува на располагање се две работи. Едната е да отидете веднаш до Управата за водење на матични книги каде 100 % ќе се изначекате додека да стигнете на ред да поднесете барање за издавање на извод од матична книга на родени и да платите за тоа, а другата е да го поднесете барањето електронски. За помладите лица ова не би требало да е проблем, но што правиме со повозрасните кои не се навикнати да ги користат електронските услуги што ги нуди системот на Управата за водење матични книги.

И сето ова малтретирање е за да можете да си го остварите вашето право на здравствена заштита. Во овој случај а и во многу други државата наместо да им го олеснува животот на нејзините граѓани го отежнува во секоја можна смисла. Таа толку зборена дигитализација и поврзување на институциите во овој случај речеиси и да не постојат. Она што ни преостанува е да се надеваме дека ќе можеме да стигнеме до документите што е можно побрзо и да се молиме дека нема да се разболиме во меѓувреме.

Извор: skopjeinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more