Vrabotuvanje.com - Во Грција од денеска ќе се плаќа со картичка и на пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите…
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во Грција од денеска ќе се плаќа со картичка и на пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите…

На пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите во Грција, од денеска ќе може да се плаќа со картичка, со оглед на тоа дека ПОС терминалите се задолжителни во над 30 сектори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Грција од денеска ќе се плаќа со картичка и на пазарите, во трафиките, во такси возилата, мини маркетите…

По првичното продолжување на рокот, од денеска ПОС терминалите се задолжителни во низа бизниси, а за оние кои се вклучени во листата и нема да прифатат плаќање со картичка предвидени се казни во висина до 1.500 евра.

Ослободени од обврската, засега се само сезонските бизниси, кои имаат рок ПОС да воведат најдоцна до почетокот со работа, а не до 31 март како што важи за останатите.

Паралелно со воведувањето на можноста за плаќање со картичка во сè повеќе сектори и со цел да се спречи затајувањето на данок, задолжително е фискалните каси да бидат директно поврзани со ПОС терминалите. 

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more