Vrabotuvanje.com - За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор
Share
Tweet
Share
Send to friend

За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор

Напуштање на домашно милениче, домашно или диво животно се пријавува во полиција или во општинското правобранителство.

За напуштање домашно милениче, од денеска, во Хрватска се оди во затвор

Казната е до една година затвор или до две, ако напуштањето предизвикало смрт на животното или биле напуштени поголем број животни. Казните за кривичното дело убивање и мачење животни се зголемуваат до затворска казна до две години или до три години ако овие дела се сторени за профит.

Исто така, отсега на злоставувачите и убијците на животни може да им се изрече и безбедносна мерка забрана за чување и стекнување животни, во период од една до пет години, пишува Н1.

Предлозите до Министерството за правда и администрација ги испрати Здружението Пријатели на животните, кои се исклучително задоволни од измените на Кривичниот законик бидејќи, како што наведуваат, ова е „историски чекор напред во заштитата на животните во Хрватска“. 

Извор: nezavisen.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more