Vrabotuvanje.com - Не е баш лесно да си “сам свој газда“: Суровата вистина за водење сопствен бизнис
Share
Tweet
Share
Send to friend

Не е баш лесно да си “сам свој газда“: Суровата вистина за водење сопствен бизнис

Не е баш лесно да си  “сам свој газда“: Суровата вистина за водење сопствен бизнис

Иако многумина веруваат дека “сам свој газда“ е најдобрата опција, ретко кој отворено зборува за оние работи со коишто се соочуваат сопствениците на бизнис.

Може да работите кога сакате

Можеби звучи идеално, сепак не е лесно да имате сопствен бизнис и да се грижите за неговиот раст, особено во вакви кризни услови. Напротив, иако немаат стриктно работно време и не одговараат пред никого, сепак бизнисмените работат и по 100 часа неделно, што е многу повеќе од просекот на еден обичен работник.

Сè што ќе заработите ви останува за вас

Точно е дека бизнисот може да ви донесе поголем прилив на пари, ако работите добро, но прво треба да размислува да ги подмири сите трошоци, па дури потоа и на својата заработка.

Сами си ја определуваат платата

Платата како мерка за вложениот труд и време е мотивација за секој вработен, но ако претприемачот има “власт“ да ја одредува висината, тоа не значи дека за себе може да одвојува астрономски износи. Тие се свесни за потребите на фирмата, за сите трошоци, за вработените…, па затоа се внимателни и својата плата ја ставаат во втор план.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more