Vrabotuvanje.com - Работодавач откри што не сака да слушне од кандидатот за време на интервју за работа
Share
Tweet
Share
Send to friend

Работодавач откри што не сака да слушне од кандидатот за време на интервју за работа

Работодавач откри што не сака да слушне од кандидатот за време на интервју за работа

Еден работодавач неодамна сподели неколку теми кои би сакал кандидатите да ги избегнуваат во своите резимеа, пишува порталот „Мирор“, пренесува Пословни.хр.

Директорот на една компанија објасни дека добива многу апликации од помлади луѓе за позиции во компанијата со која раководи, што често им е прво искуство во светот на работата.

„Иако разбирам дека многумина ја бараат својата прва работа, што е одлично, посакувам да престанат да вклучуваат приватни здравствени информации во пропратно писмо или за време на интервју. Не можам да ви кажам колку често мотивационите писма или интервјуата вклучуваат откривање на некоја дијагноза за ментално здравје. Тоа е несоодветно и ме става во непријатна положба. Чудно е да се научи нешто толку лично за личност со која се среќавам првпат и поради тоа се прашувам дали можам да и верувам на чувствителни информации“, вели тој.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more