Vrabotuvanje.com - Трик со кој ќе заспиете за помалку од 60 секунди - функционира кај 96% од луѓето
Share
Tweet
Share
Send to friend

Трик со кој ќе заспиете за помалку од 60 секунди - функционира кај 96% од луѓето

Дали сте еден од оние кои имаат проблем со спиењето? Овој трик ќе ви помогне!

Трик со кој ќе заспиете за помалку од 60 секунди - функционира кај 96% од луѓето

Припадниците на американската војска користат едноставен трик кој им помага полесно да заспијат, дури и во најтешките услови.

Опишана во книгата “Релаксирај се и победи: Шампионски перформанс“, тајната на лесното заспивање првпат е направена од старешините во воените редови, кои требало да им обезбедат на нивните војници мирен сон пред напорниот ден, колку да се лоши условите надвор.

Релаксирајте ги мускулите на вашето лице, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите

Спуштете ги рамената најниско што можете и истегнете ги рацете по цела должина на телото.

Додека издишувате за да ги опуштите градите, полека олабавете ги нозете, почнувајќи од бутовите па надолу.

Оставете да поминат околу десетина секунди во кои ќе се опуштите, релаксирајте го мозокот и потоа помислете на една од овие три слики:

-лежите во кану во мирно езеро, небото е светло сино и мирно а вие уживате во пловењето

-лежите во лежалка која е ставена во целосно затемнета соба

-замислете се како кажувате „не мисли, не мисли, не мисли“ континуирано во рок од десетина, можеби дваесет секунди

Техниката работи кај 96% од луѓето кои ја практикуваат повеќе од еден месец. Не заборавајте дека оваа техника треба да ја повторувате почесто, дури и во моментите кога немате проблем со заспивање.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more