Vrabotuvanje.com - 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија

Претседателот на Србија изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Македонија.

2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија

Претседателот изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.

- Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Претседателот на Србија на телевизија Информер.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.

Извор: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more