Vrabotuvanje.com - Повисока минимална плата или црно ни се пишува
Share
Tweet
Share
Send to friend

Повисока минимална плата или црно ни се пишува

Повисока минимална плата или црно ни се пишува

Економските експерти сериозно предупредуваат дека Македонија мора сериозно да ја зголеми минималната плата ако сака да ги задржи и оние малку квалификувани работници кои останаа да живеат и да работат тука.

Според нив, конкуренцијата со соседните земји може да биде предизвик доколку минималецот не биде на исто или на слично ниво како во регионот.

Денар на оваа тема разговараше со професорка на Економскиот факултет во Скопје, која ни изјави дека минималната плата не е важна само за работниците, туку и за целокупната економија во државата.

„Ако не се зголеми минималецот, може да имаме голема бегалска работна сила кон земјите каде што платите се повисоки. Ова го велам во контекст на зголемената миграција на квалификувани работници од Македонија кон земјите во Европската Унија. Младите и образовани луѓе ги привлекуваат поголемите плати и подобрите услови за живот во странство“, објаснува професорката.

За да се задржат овие работници и да се поддржи домашната економија, експертите се согласуваат дека минималната плата треба да биде конкурентна.

Во спротивно, посочуваат тие, ризикот од одлив на талентите може да биде значителен.

Повисок минималец имаат Албанија, Србија, додека, пак, во Хрватска минималната плата е двојно, а во Словенија тројно повисока од нашата.

Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more