Vrabotuvanje.com - Во февруари зголемен бројот на туристи во однос на истиот период лани
Share
Tweet
Share
Send to friend

Во февруари зголемен бројот на туристи во однос на истиот период лани

Во февруари зголемен бројот на туристи во однос на истиот период лани

Бројот на туристи во февруари е зголемен за 7,9 проценти во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевања за 7,7 проценти, покажуваат статистичките податоци.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари имало 44 224 туристи од кои 61 процент биле странски туристи, а 39 проценти домашни туристи. Регистрирани се 89.362 ноќевања од кои 55,3 проценти биле ноќевања од странски туристи, а 44.7 проценти од домашни туристи.

Во периодот јануари – февруари во однос на истиот период минатата година, бројот на туристи е зголемен за девет проценти, а бројот на ноќевања за 11,6 проценти.

Извор: republika.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more