Vrabotuvanje.com - За една година се затвориле 15 училишта во Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

За една година се затвориле 15 училишта во Македонија

Вкупно 14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година, односно од 976 во 2021/2022 година, овој број се намалил на 962 во 2022/2023, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) објавени вчера.

За една година се затвориле 15 училишта во Македонија

Истовремено, било затворено и едно специјално основно училиште и сега нивниот број е 35.

Бројот на паралелки за една година се намалил од 11.057 на 10.997, а бројот на ученици од 184.910 на 182.245. Во меѓувреме, бројот на наставници во основното образование се зголемил за 283 наставници, односно од 19.326 на 19.609.

Во средното образование пак, за една година, бројот на ученици се намалил за 2.700, а бројот на паралелки за 49.

Извор: radiomof.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more