Vrabotuvanje.com - Рецептот на Никола Тесла за долг живот
Share
Tweet
Share
Send to friend

Рецептот на Никола Тесла за долг живот

Рецептот на Никола Тесла за долг живот

Никола Тесла се грижел што јаде и каква физичка активност прави бидејќи верувал дека човекот треба да биде активен што подолго.

Во книгата „Моите пронајдоци: Автобиографијата на Никола Тесла“ изјавил дека обично појадувал млеко и јајца, го прескокнувал ручекот и сакал супа од зеленчук.

– Јадам два пати на ден и ги избегнувам сите намирници кои создаваат киселина. Повеќето луѓе јадат премногу зелен лиснат зеленчук кој содржи урична киселина и други токсини. Јадам свеж зеленчук, риба и месо ретко и умерено. Иако рибиното месо е добро за мозокот, создава силна киселинска реакција поради високата количина на фосфор. Киселоста на телото е нашиот најголем непријател во староста. Компирите се одлични и треба да се јадат секојдневно. Содржат скапоцени минерални соли и има неутрализирачко дејство.

Тој потврдил дека избегнува месо во интервју од 1935 година:

– Речиси целосно избегнувам месо. Убеден сум дека за помалку од еден век кафето, чајот и цигарите ќе излезат од мода. Алкохолот, сепак, ќе продолжи да се користи, бидејќи тој не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот – изјавил големиот научник.

Познатиот научник беше и голем поддржувач на вежбањето.

– Верувам дека треба многу да вежбате. Пешачам од осум до 10 милји секој ден и никогаш не земам такси или друг превоз кога имам време да ја искористам силата на нозете. Исто така, вежбам со пливање секој ден, бидејќи мислам дека е многу важно. Користам топла купка проследена со долг ладен туш.

извор: turlitava.com

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more