Vrabotuvanje.com - УТРЕ ТРГОВЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА РАБОТАТ, ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ВРШАТ ПРОВЕРКИ, ВЕЛИ ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА
Share
Tweet
Share
Send to friend

УТРЕ ТРГОВЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА РАБОТАТ, ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ВРШАТ ПРОВЕРКИ, ВЕЛИ ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

Трговците утре и на 8 мај не смеат да работат, велат од Државниот пазарен инспекторат. Во соопштението од Пазарна инспекција се вели дека работодавачите на денот на одржување на претседатеските и парламентарните избори не смеат да работат, со исклучок на оние каде работните процесите поради својата природа не можат да се прекинат.

УТРЕ ТРГОВЦИТЕ НЕ СМЕАТ ДА РАБОТАТ, ИНСПЕКТОРИ ЌЕ ВРШАТ ПРОВЕРКИ, ВЕЛИ ПАЗАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

„Утре и на 8 мај Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори ќе контролира дали заклучокот на техничката Влада се почитува од страна на работодавачите“, велат од Пазарна инспекција.

Владата на 16 април донесе одлука 24 април и 8 мај да бидат неработни за сите граѓани. Оваа одлука е спротивна од онаа која Министерството за труд и социјална поликата ја доставила до Владата со предлог да биде усвоена. Во одлуката на Министерството стои дека ‘се препорачува‘ 24 април и 8 мај да бидат неработни денови. Но, во владината одлука делот ‘се препорачува‘ се брише.

Директорката на Трудовата инспекција Весна Томоска на 17 април за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека голем број фирми барале објаснување дали смеат да работат или не.

„Со одлуката на Владата, 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани и не треба да работат. Ние како Трудова инспекција не можеме да казнуваме оти не станува збор за неработни денови утврдени со Законот за празници. Ќе чекаме насоки од надлежното Министерство за труд и социјална политика како да постапуваме“, рече тогаш Томоска.

Извор: sdk.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more