Vrabotuvanje.com - Над 10.000 туристи се очекуваат во Дојран за празниците
Share
Tweet
Share
Send to friend

Над 10.000 туристи се очекуваат во Дојран за празниците

За првомајските и велигденските празници во Дојран се очекува да престојуваат над 10 илјади туристи, соопшти градоначалникот Анго Ангов.

Над 10.000 туристи се очекуваат во Дојран за празниците

Според него, се бара место повеќе и сите капацитети се исполнети.

-Сакам да истакнам дека не само за празниците, туку од лани и од почетокот на оваа година расте бројот на туристи кои го посетуваат Дојран надвор од летната сезона. Ние сме подготвени да ги пречекаме сите посетители и да им го понудиме нашето познато гостопримство, рече градоначалникот Ангов.

Додава дека се зголемува бројот на сместувачките капацитети со обновување на тие коишто не биле во функција подолго време, а се градат и нови со што туристичката понуда на Дојран се зголемува.

Извор: kurir.mk

 
 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more