Vrabotuvanje.com - ХРВТСКА ПЛАНИРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ -за да спречат корупција
Share
Tweet
Share
Send to friend

ХРВТСКА ПЛАНИРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ -за да спречат корупција

Сегашната плата на премиерот Андреј Пленковиќ е 4.646 евра бруто месечно. Тоа е повисока плата од премиерите на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија и Словачка. Таа е слична на платата на премиерот на Полска и многу помала од премиерот на Унгарија, Чешка и Естонија.

ХРВТСКА ПЛАНИРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ -за да спречат корупција

Медиумот прават споредба на просечната плата на функционерите и другите вработени во Хрватска, со соседството и ЕУ.

Споредбите велат дека со просечна плата меѓу 3500 и 4000 евра бруто, министрите во Хрватска имаат околу 2,2 пати поголема плата од просечната државна плата. Нивната плата е повисока од онаа на нивните колеги во Словенија во апсолутна вредност и е релативно повисока во однос на просечната плата во земјата, 2,2 пати наспроти словенечката 1,6 пати.

Министрите во Полска имаат малку повисоки плати од министрите во Хрватска, како и премиерот, 2,3 пати повисоки од просечната нето плата. Апсолутен рекордер е Унгарија, каде министрите имаат плата 6,5 пати поголема од просечната државна плата, а премиерот уште повеќе. Во Чешка, Албанија и Естонија, платите на министрите во однос на просечната државна плата се исто така многу повисоки отколку во Хрватска.

Аргументот за високите плати на премиерите, министрите, државните секретари и другите функционери е дека тие ќе бидат помалку подложни на корупција.

Во Македонија платата на Премиерот е околу 160 000 денари односно околу 2600 евра

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more