Vrabotuvanje.com - Како да си ги вратиме вредните занаетчии од туѓина?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како да си ги вратиме вредните занаетчии од туѓина?

Како да си ги вратиме вредните занаетчии од туѓина?

Со зголемувањето на бранот на иселување на квалификувани занаетчии од Македонија, земјата се соочува со сериозен предизвик: како да ги врати овие вредни работници назад?

Водоинсталатерите, гипсарите и плочкарите се само некои од професиите кои се во дефицит во домашната градежна индустрија, а според најновите информации, на Македонија во моментов ѝ фалат околу 10.000 квалификувани работници.

Според извештаите, многу од овие занаетчии заминуваат за Европа во потрага по подобри услови за работа и плати.

Оваа тенденција не само што го кочи развојот на бизнисот во Македонија, туку и создава притисок врз градежните компании кои се борат да најдат квалификувана работна сила.

Македонија, во изминативе 20 години, ја напуштиле речиси 200.000 луѓе, пред сè работоспособно население.

Познавачите на пазарот на трудот велат дека најголем дел од градежните работници и занаетчии, во последниве години, заминале за Словенија, која им нуди повисоки плати и можност за продолжување на дозволите за престој и за добивање словенечко државјанство.

Само во последните 10 години, над 4.700 Македонци добиле статус на постојан престој во оваа држава, односно се откажале од македонското државјанство и станале Словенци.

Целиот текст можете да го прочитате на denar.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more