Vrabotuvanje.com - Украдени еден милион евра од менувачница во Бања Лука
Share
Tweet
Share
Send to friend

Украдени еден милион евра од менувачница во Бања Лука

Украдени еден милион евра од менувачница во Бања  Лука

Непознати разбојници нападнале и ограбиле сопственик на менувачница во населбата Лауш во Бања Лука, а според неофицијални информации украдени се околу два милиони конвертибилни марки или приближно еден милион евра, јави Радио-телевизија на Република Српска (РТРС).

Според тврдењата на очевидци, на кои се повикува РТРС, се се случило во попладневните часови кога разбојниците направиле заседа пред куќата на сопственикот на менувачницата

Кога жената излегла од возилото со парите, тие се нафрлиле врз неа, ја оттурнале и ја украле чантата во која ги носела парите.

Наводно користеле црн автомобил „сеат“ со странски регистарски таблички со кој избегале по грабежот.

Излезите од градот се блокирани и во тек е потрагата по разбојниците, а подетални информации се очекуваат по увидот и прелиминарната истрага.

Порталот Независних Новина пишува дека ограбениот Ј.Ш. со години се занимава со тргување со девизи.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more