Vrabotuvanje.com - Проверете лесно дали некој ви краде интернет!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Проверете лесно дали некој ви краде интернет!

Проверете лесно дали некој ви краде интернет!

Со оглед на тоа што денес сè повеќе се користи безжичниот пренос на сигнали, сè поголем е и бројот на оние што се обидуваат да влезат и во обезбедените и во слободните безжични мрежи и бесплатно да користат нечиј интернет.

Доколку вашата мрежа е обезбедена со тајна лозинка, извршени се проверки од страна на провајдерот и сè е во ред од нивна страна, а интернет-врската и понатаму е слаба, или пак ако забележувате некои други чудни работи на компјутерот, време е да го тестирате бројот на корисници што ја користат вашата мрежа. 

„Кој е на мојата безжична мрежа“ (Who is on my WiFi) е едноставна програма за откривање корисници прикачени на некоја безжична мрежа. По инсталацијата ќе добиете основно објаснување за начинот на користење на апликацијата, како и опција да ја скенирате вашата мрежа.

Тогаш ќе се појави табела со сите приклучени уреди, каде што се гледа MAC-адресата, како и локалната IP-адреса. Доколку имате многу поврзани уреди, најлесниот начин за идентификување е да ги исклучите еден по еден. Погледнете како функционира.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more