Vrabotuvanje.com - 300 денари од час-работниците на тутунските полиња ги покачија цените
Share
Tweet
Share
Send to friend

300 денари од час-работниците на тутунските полиња ги покачија цените

Работниците за расадување на тутунот ги покачија цените, тутунарите го намалуваат производството

300 денари од час-работниците на тутунските полиња ги покачија цените

Намените работници за расадување на тутунот бараат од 250 до 300 денари од час, велат од Нациналната земјоделска мрежа.

Расадувањето на тутунот е во тек, а цените пораснаа за еден час ангажман, бидејќи тутунарите тешко наоѓаат работници.

Ѓорги Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа за Зелена берза вели дека „работната наемна рака  е голем  проблем“ за тутунарите.

-Имаме проблем бидејќи наемната рака се претежно луѓе на возраст над 55 години. Потребата е голема, па работниот час достигна цена од 250 до 300 денари од час за расадување на тутунот. Цената стигна до 300 денари, без храна само со превоз. Поради ваквите прилики многу од тутунарите го намалуваат производството, оти е неисплатливо, трошоците се големи“, вели Каракашев за Зелена берза.

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more