Vrabotuvanje.com - БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница
Share
Tweet
Share
Send to friend

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

Благ пад на месечните трошоци за семејства регистрираше Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ). Како што објавија, синдикалната минимална кошница за месец мај повторно надминува 60 илјади денари, но сепак, е за 122 денари помала отколку онаа за месец април. 

- Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари - информираат денеска од ССМ.

Како што додаваат од Синдикатот, со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошница за месец април изнесува 75.465 денари.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more