Vrabotuvanje.com - ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?
Share
Tweet
Share
Send to friend

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

ОВОЈ СЕКТОР ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО „ПУКА“ - прометот пак се намали, дали следи нов бран на стечаи?

По растот во февруари, германските ресторани повторно беа послаби во март. Прометот е намален реално за 2,4 отсто, а номинално за 1,5 отсто, објави во вторникот Федералното биро за статистика.

Германската угостителска индустрија сè уште е значително зад прометот од периодот пред пандемската криза. Споредено со март 2019 година, односно пред глобалната зараза, продажбата во истиот месец оваа година всушност била помала за 13,3 отсто.

Откако од 1 јануари се врати редовната стапка на ДДВ од 19 отсто за храната во угостителството, цените за клиентите поскапеа. Затоа се очекуваат нови стечаи во секторот.

За време на пандемијата, владата привремено ја поддржа туристичката индустрија со намалена стапка на ДДВ. И покрај протестите, мерката истече на почетокот на оваа година.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more