Vrabotuvanje.com - Дали знаете за што служат триаголниците кои се исцртани во патничката кабина на авионот?
Share
Tweet
Share
Send to friend

Дали знаете за што служат триаголниците кои се исцртани во патничката кабина на авионот?

Ако подобро ја погледнете патничката кабина на авионот, можеби сте забележале дека на одредени места има нацртани триаголници. Дали сте се запрашале за што служат тие?

Дали знаете за што служат триаголниците кои се исцртани во патничката кабина на авионот?

Триаголниците можат да бидат црвени или црни по боја и секогаш се на исто ниво со крилата на авионот. Имено, доколку членовите на екипажот на авионот треба да ги проверат крилата, триаголниците им даваат до знаење дека најдобро можат да ги видат од тие точки.

Овој „трик“ е особено корисен кога авионот лета во текот на зимата. На тој начин, екипажот многу полесно може да се увери дека крилата се правилно одмрзнати, иако тоа прво го проверува екипажот додека авионот е на земја.

Седиштата сместени под овие триаголници понекогаш се нарекуваат „седишта на Вилијам Шатнер“. Овој израз е преземен од епизодата на „Зоната на самракот“ во која Шатнер гледа гоблин на крилото на неговиот авион.

Ако сакате да направите совршена фотографија од небото и крилата, седиштата под триаголниците се вистинската позиција од која може да ги направите наубавите фотографии додека трае летот.

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more