Vrabotuvanje.com - OГРАНИЧУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Ова треба да го знаете ако патувате во Венеција
Share
Tweet
Share
Send to friend

OГРАНИЧУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Ова треба да го знаете ако патувате во Венеција

OГРАНИЧУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: Ова треба да го знаете ако патувате во Венеција

Италијанскиот град Венеција воведува нова забрана за туристите. 

Туристичките групи во Венеција се ограничени на 25 лица, додека употребата на мегафони е забранета, јавува BBC.

Венеција, исто така, претходно годинава воведе дневен билет за градот, кој чини 5 евра, откако на бродовите за крстарење им беше забранет пристап во 2021 година.

Прекумерниот туризам се смета за едно од најважните прашања за Венеција, дом на 250.000 луѓе, но во 2019 година градот го посетиле повеќе од 13 милиони луѓе. Оттогаш, бројот на туристи се намали, но се очекува да ги надмине нивоата пред пандемијата во наредните години.

Поплаки поради масовниот туризам имаше и во Шпанија. Полицијата тврди дека минатиот викенд имало 10.000 демонстранти на улиците на Палма де Мајорка. Нивната порака беше дека туризмот го прави животот во Палма неподнослив за локалното население.

извор: faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more