Vrabotuvanje.com - Еве колку пензионери добиваат највисока пензија во Македонија – исчезнуваат воените и земјоделските пензионери
Share
Tweet
Share
Send to friend

Еве колку пензионери добиваат највисока пензија во Македонија – исчезнуваат воените и земјоделските пензионери

Еве колку пензионери добиваат највисока пензија во Македонија – исчезнуваат воените и земјоделските пензионери

Податоците на Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека бројот на пензионери во месец март годинава достигнал 338.336 лица. Притоа најголем дел од нив се пензионери кои се стекнале со пензија по основ на години, поточно добиле старосна пензија и тоа по работен стаж.

Бројките говорат дека иако има раст на бројот на пензионери во нашата земја, имаме се помалку приматели на земјоделска и воена пензија.

Пензиите во нашата земја се поделени во пет категории. Имаме семејна пензија чиј просек изнесува 16.707 денари, потоа инвалидска пензија со просечна пензија од 18.818 денари. Старосната пензија достигнува просек од 22.826 денари, додека земјоделската просечно изнесува 10.991 денари. Воената пензија има највисок просек од 29.943 денари.

Податоците на Министерството за труд и социјална политика откриваат дека во Македонија има 2,861 лице кои примаат пензија поголема од 57.487 денари, и најголем дел од нив или 2,758 својата пензија ја стекнале со влегување во законски утврдените рокови за пензионирање при што добиваат старосна пензија.

Семејна пензија со висина над 57 илјади добиваат и 74 лица, додека пак, 29 лица добиваат инвалидска пензија која ја наминува споменатата сума и спаѓаат во категоријата приматели на најголеми пензии.

Целиот текст можете да го прочитате на faktor.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more