Vrabotuvanje.com - Уште три дена до крајот на школската година – основците со скратени часови поради топлото време
Share
Tweet
Share
Send to friend

Уште три дена до крајот на школската година – основците со скратени часови поради топлото време

Учениците во основните училишта во земјава денеска и утре со скратени часови бидејќи наставата се одржува во услови на топлотен бран невообичаен за овој дел од годината.

Уште три дена до крајот на школската година – основците со скратени часови поради топлото време

До крајот на учебната година им останаа уште три работни дена.

Скратената настава е одговор на барањето на родителите кои реагираа дека во училиштата нема услови за работа и повикаа годинава порано да се заврши со наставата.

Од Министерството за образование и наука претходно информираа дека не може да се стави крај на учебната година бидејќи со закон е пропишано таа да трае 180 дена и повикаа граѓаните да се придржуваат до препораките за заштита од топлото време кои се согласни со оние на Центрите за јавно здравје.

Оваа учебна година основците и средношколците за прв пат имаа пролетен распуст кој траеше од 26-ти април до 6-ти мај.

Поради тоа и крајот на учебната година се пролонгира до 17-ти јуни.

Извор: telma.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more