Vrabotuvanje.com - Се чека нова цена на струјата, ќе се намалат ли сметките од наредниот месец?!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Се чека нова цена на струјата, ќе се намалат ли сметките од наредниот месец?!

EВН ХОУМ понуди пониската профитна маржа која ќе влијае на крајната цена на струјата. Со оглед на тоа би требало цената на струјата да се намали. Но, маржата не е пресудна. Цената на струјата најмногу ќе зависи од тоа каква цена ЕСМ ќе понуди на тендер, односно по која цена ќе ја продава струјата на ЕВН ХОУМ. Ако понуди иста цена во тој случај може да има некоја минимална надолна корекција на цената на струјата или воопшто да не се менува. Ако понуди повисока цена во тој случај ќе ја анулира предноста поради пониската маржа, велат извори за весникот ВЕЧЕР

Се чека нова цена на струјата, ќе се намалат ли сметките од наредниот месец?!

До крајот на месецов треба да се донесе одлука за новата цена на струјата. Од наредниот месец ќе се знае дали граѓаните ќе плаќаат повисоки или пониски сметки за струја. Цената на струјата најмногу ќе зависи од тоа каква цена ЕСМ ќе понуди на тендер, односно по која цена ќе ја продава струјата на ЕВН ХОУМ. За да се намали цената, ЕСМ треба да понуди цена под сегашната која изнесува 58 евра за мегават-час.

Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини најмногу ќе зависи од тоа по која цена ЕВН ХОУМ ќе ја добива струјата од ЕСМ која моментално изнесува 58 евра за мегават-час.

Според, новите правила, кои се воведоа при крајот на минатата година, пресметката за цената на електричната енергија ја прави ЕВН ХОУМ, но пред да биде објавена треба да помине на контрола во Регулаторна комисија за енергетика.

Инаку и покрај тоа што беше најавено дека од оваа година наместо два пати, нова цена на електричната енергија ќе се носи само еднаш и тоа на крајот на ноември, сепак поради изборот на нов универзален снабдувач, повторно одлука мора да се донесе до крајот на јуни.

Целиот текст прочитајте го на: vecer.press

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more