Vrabotuvanje.com - Како да се разладите за само минута: Овој трик ќе ве спаси од летните горештини, потребно е да го направите само ова!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Како да се разладите за само минута: Овој трик ќе ве спаси од летните горештини, потребно е да го направите само ова!

Летото календарски сè уште не е почнато, а високите температури завладеаја со нашата земја. Многумина веќе се жалат на несоница и отекување на стапалата поради горештините.

Како да се разладите за само минута: Овој трик ќе ве спаси од летните горештини, потребно е да го направите само ова!

Температурите сè уште не ги достигнале оние 38+ степени, но важно е навреме да се подготвиме за топлотниот бран што следи. Постојат неколку начини за разладување, а лекарите секогаш ќе ве советуваат да се држите подалеку од сонце во најтоплиот дел од денот. Меѓутоа, денешното темпо на живот не секогаш нѝ го дозволува тоа.

Секогаш имајте шише вода со вас и нешто со што ќе можете да ја покриете главата, без разлика дали тоа е капа или дури и марама со која ќе се заштитите. Сето ова може да биде корисно, но има еден трик во кој се колнат сите што го пробале. Имено, тоа е примена на ладен притисок на одредени „жешки“ точки на телото.

Овој корисен трик функционира брзо – користете мраз или шише со разладена вода за да извршите притисок и ќе почувствувате олеснување. Точките на кои треба да вршите притисок, односно да ставите ладни предмети се:

- на зглобовите

- зад колената

- на местото на свиткување на лактите

- на вратот

- на слепоочниците

Извор: tocka.com.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more