Vrabotuvanje.com - Наскоро, нема да има повеќе прескокнување на реклами!
Share
Tweet
Share
Send to friend

Наскоро, нема да има повеќе прескокнување на реклами!

Компанијата Мета на Инстаграм експериментира со функција која нема да им се допадне на многу корисници.

Наскоро, нема да има повеќе прескокнување на реклами!

Корисниците наскоро може да имаат многу потешка работа ако сакаат да ги игнорираат рекламите на Инстаграм.

Според TechCrunch, Мета тестира нов тип на реклами што не можат да се прескокнат во feed-от на Инстаграм, кои компанијата ги нарекува „ad break“.

Некои корисници веќе ги забележаа новите реклами, овие „паузи“ со реклами се неколку секунди, но не се знае дали нивната должина ќе се промени кога форматот ќе стане официјален.

Пораката во апликацијата вели: „Ad break се нов начин за прикажување и прегледување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклами пред да продолжите да гледате содржина на Инстаграм“.

Извор: usb.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more