Vrabotuvanje.com - Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија
Share
Tweet
Share
Send to friend

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Преку A1 WayUp до кариерен пат и вештини на иднината

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.

A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, а официјално започнува на 1 октомври.

Oд денес до 28.7.2024 г. отворени се апликациите, а сите заинтересирани може да пратат кратка биографија и да се пријават за една од позициите предвидени во програмата.

Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’24.

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more